Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакна дека во периодот што следува очекува жестоки напади од страна на СДСМ преку лаги и манипулации со цел лична дискфалификација и дискредитација. Тој додаде дека она што СДСМ најмногу го боли е тоа што актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е чисто како капка вода и тоа е клучната разлика помеѓу СДСМ и опозицијата.

Очекувам напади од СДСМ на дневна основа, очекувам да не напаѓаат лично. Очекувам да одат со дискфалификации. Очекувам да се прават секакви дискредитации, по однос на нашите најблиски, семејства. Но ќе го издржиме овој период. Она што можам да го кажам за себе за претседателот на партијата и за нашите најблиски соработници е дека за никого не успеаа да најдат криминал. И тоа е тоа што најмногу ги боли, што сме чисти како капка вода и тоа е клучната разлика помеѓу нас и нив, вели Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.