Целокупниот центар за комуникации на СДСМ во овој момент е во координација со двајца или тројца членови на тој иницијативен одбор и на дневна основа создаваат и пласираат невистини преку социјалните мрежи и медиуми и изјави и во одредени други медиуми, изјави поптретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски по денешното рочиште со премиерот Зоран Заев.
На дневна основа се работи оваа операција и истите тие пласираат невистини. Целта е да не се занимава Македонија со тоа дека сме единствена држава каде луѓе умираат затоа што нема вакцини, дека во моментот не може соодветна здраствена заштита да добијат, да не се занимава со економско тонење, туку со глупости. Ова сценарио е веќе видено во јавноста. Истите овие што сега му слугуваат на Зоран Заев во едно друго време правеа сè за во СДСМ кога беше во опозиција да се случи раскол и на сличен начин и ова ќе завршти. Така да им порачам овие од власта да се занимаваат со набавка на вакцини и решавање на економската состојба, а останатите да му слугуваат на Зоран Заев, изјави Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.