Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, ја коментира колумната на Денко Малески, во која тој вели дека Македонија е современа држава и не смее да се повикува на средновековно историско наследство.

МАКЕДОНИЈА ИМА СРЕДНОВЕКОВНО НАСЛЕДСТВО, А МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА И ДРЖАВА СЕ ПЛОД НА ВЕКОВНА БОРБА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, борба која е силно изразена во текот на 19тиот и почетокот на 20тиот век за отфрлање на отоманскиот јарем, преку практично 30 годишно непрекинато востание од балканските војни до втората светска војна кое е крунисано на 2 Август со АСНОМ, до борбата против комунизмот и референдумот за независност од 8ми Септември и формирањето на независна Република Македонија.

Тоа е јасен историски и политички континуитет на македонскиот народ со јасна цел формирање на македонска држава.

Тоа го знае Малески, а зошто го негира само тој си знае.

Поткопувањето на темелите на Македонија со вакви изјави нема да успее колку и да се трудат – коментира Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.