Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска во Собранието оствари средба со Кристијан Сагарц, пратеник во Европскиот парламент и известител во сенка на Европската народна партија за нашата држава.
Николоски информира дека на средбата двајцата соговорници разговарале за повеќе прашања во врска со претстојните локални избори, потребата за постигнување консензус за изборното законодавство, борбата против корупцијата, независноста на судските инстанци, како и за чекорите за професионализација на судството како трета власт.
Информирав за надлежностите и составот на Националниот совет за евроинтеграции во кој учествуваат сите клучни државни чинители, за улогата како клучно тело на пристапните преговори, соопшти Николоски на Фејсбук.
Европратеникот Сагарц ја изразил поддршката на Австрија за европската интеграција на државата и укажа на важноста од поголема соработка со Западен Балкан бидејќи Унијата нема да биде комплетна без овој дел од регионот.
Пристапните преговори треба да започнат што поскоро, тоа ќе биде корисно и за процесот на проширување на ЕУ и за европската иднина на државата, рекол Саграц.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.