Јасно е дека промените ќе се случат и дека заедно со сите жители на Ресен ќе создаваме нова иднина и за Ресен и за Македонија, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој ви повика сите жители на Ресен да излезат масовно во вториот круг на 31-ви октомври и да го заокружат бројот 7 за да изберат градоначалник предложен од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во цела Македонија веќе се случуваат промените. 22 градоначалници се веќе избрани, а уште најмалку толку имаат одлична шанса да бидат избрани во вториот круг. Ги повикувам жителите, граѓаните на Ресен да се приклучат кон овој бран. Да се приклучат кон промените и заеднички да градиме нова иднина за Македонија. Ова не се обични локални избори. Ова се локални избори на кои што одлучуваме за иднината на Македонија. Дали Македонија ќе продолжи да тоне во криминал и корупција и економски ќе назадува со Зоран Заев, или во Македонија ќе се случат промените, вели Николоски.

Посочи дека најголем дел од државата веќе избра. Ги избраа промените и го избраа ВМРО-ДПМНЕ. Изрази уверување дека истото ќе се случи на 31-ви октомври и во Ресен.

-И затоа потребна е масовна голема излезеност. Сите граѓани да не подлегнуваат на притисоците кои што власта во паѓање на Заев ги прави, да не подлегнуваат на притисоците кои што се случуваат. А, исто така заеднички да се обединиме, Македонци, Албанци, Турци, Египќани, сите кои што живеат во Ресен и заеднички да ги донесеме промените. ВМРО-ДПМНЕ го има најдобриот кандидат и иден градоначалник кој ќе ги реализира проектите кои што се ветени во програмата, гарантирам. Исто така после 31-ви октомври почнува процес на промена на владата на Македонија. За многу брзо време ќе има влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и затоа е потребно да има и општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за заеднички локалната и централната власт да прават убави работи за Ресен. Излезете и гласајте на 31-ви октомври и заокружете го бројот 7, потенцираше Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.