Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва во „Клик Плус“ зборува за минатиот четврток, кога требаше да се гласа недоверба на Владата. Тогаш Кастриот Реџепи во последен момент се премислил и не дошол на гласање.
Николоски кажа дека до пред гласањето Реџепи не кажал ниту еден збор против иницијативата за уривање на Владата. Запрашан дали немаа план Б, тој рече:
„Планот А, Б или Ц ако сакате, беше владата да падне. Она што мора јавноста да го знае, ВМРО-ДПМНЕ има 44 пратеници, и за мнозинство требаше уште 17, и успеавме да обединиме толку пратеници, и тоа не е малку. Во петокот беше јасна работата имаше волја да падне владата, во саботата нашиот лидер Мицкоски кажа дека очекуваме да си го одржи зборот и му даваме можност до понеделник да ја поднесе оставката.
Конкретниот пратеник до четвртокот збор не кажа против иницијативата ниту тие што беа потпишани. Имаше пратеник кој имаше забелешки, со кој успеавме да ги надминеме, и тоа е многу чесно и принципиелно ги кажа своите забелешки, најдовме заеднички јазик, човекот излезе и кажа дека ќе гласа. А, вие да молчите и да не се појавите на гласање, доволно кажува дека нема добра волја“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.