Истече рокот за пријавување кандидатури за претседател во ВМРО ДПМНЕ. Најдоцна до 5 февруари ќе се знае кој се сѐ пријавил на јавниот оглас за претседателски кандидат. Потпретседателот на партијата, Aлександар Николоски во интервју за Пресинг ТВ не сакаше да открие дали меѓу пријавените и е професорката Гордана Силјановска.
За мене суштински е ВМРО-ДПМНЕ да победи на следните претседателски избори, се надевам заедно со предвремени парламентарни и во таа смисла ВМРО-ДПМНЕ мора да се шири и да обединува што повеќе категории и што повеќе луѓе, не е доволно поддршка да даде само партиската база и само партиските членови, мора да ги привлечеме и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, сите оние кои се со центар десна, десна и конзервативна ориентација, неопределените и оние разочараните од владеењето на СДСМ. Според мене профилот за претседателски кандидат од ВМРО-ДПМНЕ треба да е личност која ќе ги обедини сите овие структури и ВМРО-ДПМНЕ да победи на претседателските избори и Македонија да има претседател предложен од ВМРО-ДПМНЕ, зошто гледаме дека оваа власт тотално забега и ако нема контрола барем од институцијата претседател на државата, тогаш не знам во кој правец ќе оди државата, вели Николоски.
Целото интервју на Пресинг ТВ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.