Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител се осврна на пораките кои ги добиле од трите земји Унгарија, Словенија, Хрватска кои ги посетија со претседателот Христијан Мицкоски.

Пораките од трите држави кои ги посетивме беа дека сакаат Македонија да е дел од ЕУ, и Македонија и граѓаните треба да знаат дека во овие земји имаат пријатели и силна поддршка од нив, второ изразија загриженост од односот на Бугарија кон земјава, а трето загриѓени се од недостаток на реформи, затоа што ако има реформи од Владата би имало помалку забелешки. Земјите кои се против проширувањето, а тоа се неколку, кои кога ќе видат резултати би направиле посериозен притисок врз Бугарија, рече Николоски. Николоски кажа дека трите прмиери со самите средби покажале и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие лидери на партии, се и премиери во овие земји.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.