Одговарајќи на новинарско прашање, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, најави жесток одговор и народ на улиците доколку Заев изврши национално предавство во преговорите со Бугарија.

Дефинирајќи што значи „жесток одговор“, Николоски порача дека тоа значи повикување на народот на улиците се до спречување на актот на предавство.

Ние сме на улиците и доколку Заев влезе во процес на национално предавство, ќе го повикаме целокупниот македонски народ на улиците до спречување на националното предавство – изјави Николоски.

Тој истакна дека стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ за делување во наредниот период ќе биде соопштена во наредните неколку денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.