Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски, при гостување во емисијата „360“ посочи дека се потребни парламентарни избори каде што една партија или коалиција ќе добие поголемо и стабилно мнозинство за да ја реализира својата програма која што ја има ветено пред граѓаните.

Николоски истакнува дека изборите ќе бидат и можност да се стави крај на оваа неспособна влада.

Да тргнеме од најтехничката причина резултатот на изборите на 15-ти беше таков да е невозможно да се формира една стабилна Влада во оваа композиција на Собрание, кој и да ја формира или формираше таа Влада што оди кон едно нестабилно владеење на било која Влада и неможност да ги реализира сопствените проекти. Тоа е од една страна, а од друга страна СДСМ во изминатиов период од август минатата година кога се конструираше Собранието до денес не покажа добра волја за сериозен политички дијалог со опозицијата. За тоа што односот им е како да имаат преку 80 пратеници, а имаат вкупно со се сите коалициони партнери 62. А, само СДСМ има 28 пратеници – појасни Николоски.

Тој додаде дека дијалог помеѓу Владата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ можеше да се создаде и на тој начин да функционираше Собранието, но за жал не се создаде затоа што СДСМ немаше волја за тоа.

Затоа е потребно оваа ситуација да се расчисти на избори каде што една политичка партија или една коалиција од политички партии би добила стабилно мнозинство со цел да може да си ја реализира програмата која што ќе ја вети пред граѓаните – истакна Николоски.

Тој посочи дека Заев не може да изненади со пратеник плус, бидејќи тој говореше дека тоа ќе го направи, но досега сите гледаат дека не е реализирано. И второ, 44 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ се стабилни и Николоски гарантира дека во овој момент тие се на линија на реализација на тоа што го ветиле пред граѓаните. И тука простор има нула за било какво поместување.

Неспособноста на власта секој ден се повеќе се гледа. Тука е интересно што треба да видиме дали до 28-ми март вакцини ќе стигнат во Македонија или не. Затоа што очигледно е дека на власта не и одговара да се зборува дека сме единствена држава во регионот и во Европа која што се уште не почнала со вакцинација. Дека сме единствена држава во која што за жал се губат човечки животи затоа што нема вакцини, и повеќе им одговара на власта да се зборува за нешто друго отколку за нивната неспособност да набават вакцини против Ковид-19 – изјави Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.