Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ апелираше до политичките субјекти во Собранието да се здружат и да се изгласаат брзи предвремени избори, за што е потребен 61 пратеник.

-Потребни се брзи предвремени избори за барем во 2020 Македонија да започне преговори со ЕУ, зошто нема да се случи тоа годинава. Потребни се тие избори за да се одлепиме од групата со Албанија и потребни ни се за да ги залечиме последице од двата штетни Договори со Бугарија и Грција потпишани од Заев, изјави Николоски за Алфа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.