Она што мене ме загрижува е она што и се случува на Македонија како држава. Имено и во проблемот со Бугарија и во битката со здравстениот и економскиот аспект на кризата како два најголеми проблеми кои ги има во моментов во Македонија не се користат најдобрите умови, не се користат најпаметните луѓе и нема една ширина кај власта да ги употреби истите, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа
Паметни држави кога ќе се случат вакви големи кризи, а ова за Македонија е најголема криза по осамостојувањето, паметни држави ги повикуваа најдобрите луѓе кои ги имаат без разлика на политичката профилација, градат заеднички ставови и се обидуваат да се изборат. Затоа ние бараме влада за национален спас која ќе се избори од една страна со економските и здравствените последици на корона кризата, од друга страна ќе се спротистави на националните понижувања од Бугарија и ќе најде начин да го отвори патиот за интегрирање на Макдонија во Европската Унија. Тоа може само најпаметните и најспосбните да го направат со една широка општествена и политичка поддршка тоа секако го нема во оваа влада на Зев, рече Николоски на Алфа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.