После аферата „Рекет“ нема премиер или претседател кој сака да се сретне со Зоран Заев, вели потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски, кој синоќа гостуваше на „Алсат“ во емисијата „360 степени“.
Зошто Зоран Заев не патува? Заев упорно избегнува да одговори во јавноста кога последен пат имал официјална средба во официјална посета со премиер или претседател, кога последен пат тоа се случило со премиер или претседател на земја-членка на Европската унија? Го одбегнува одговорот. Јас го давам одговорот, а тоа е пред да се случи аферата „Рекет“. И сега тука легитимно се поставува прашањето, зошто после аферата нема премиер или претседател кој сака да се сретне со Заев, изјави Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.