Во Република Македонија за година и пол има повеќе жртви отколку во Втората светска војна и скопскиот земјотрес, заедно, поради неспособноста на власта да ја менаџира ковид кризата, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во неговото гостување во емисијата Што не е јасно на Телевизија Алфа.
Денеска еден врвен професор по медицина ми кажа еден фрапантен податок дека вкупниот број на жртви во Македонија за време на Втората светска војна и скопскиот земјотрес, заедно, е помал од бројот на ковид жртви поради неспособноста на Зоран Заев и Венко Филипче да се справат со ситуацијата и да го заштитат здравјето на граѓаните, истакна Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.