Да се набавеа вакцини немаше да имаме ваква епидемиолошка слика. Еве едноставно зошто треба да е одложен пописот. Согласно она што Заводот за статистика го кажува е ќе има 5500 попишувачи, кога тие ќе се среќаваат со илјадници луѓе веројатноста да заболат е огромна, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во централниот Дневник на телевизија Сител.
Повикувајќи се на податоците на СЗО, Николсоки рече едно лице кога ќе заболи додека открие заболува најмалку 9 лица.
„Што значи дека во процесот на попис, овие 5500 попишувачи ќе го пренесат вирусот на 49.500 лица. Во Македонија смртноста е меѓу највисоките или е 4,9 проценти, што значи дека попис во април ќе значи 2400 мртви од корона и ќе значи колапс на здравствениот систем затоа што педесетина илјади луѓе ќе заболат“, кажа Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Николски посочи дека ако Заев и Ахмети сакаат да го реализираат политичкиот договорот што го имаат тогаш тоа ќе биде нивна одговорност.
„Ако имаат малку одговорност истиот треба да го одложат“, рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.