Денеска во Вестите на Канал 5 телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во врска со корупцијата во Македонија рече дека ВМРО-ДПМНЕ поднесува интерпелации и за министерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, како и против министерот за правда Бојан Маричиќ, како одговорни што македонското општество скапува во корупција.
Главниот проблем на Македонија е тоа што скапува во корупција од најниско до највисоко, човек не може обична работа да заврши, документ да извади на шалтер доколку не почести некој службеник, па завршувајќи со крупните тендери кои ги дели Заев и неговото семејство – истакна Николоски.
Тој вели дека корупцијата царува и се отсликува во последниот Извештај на Транспаренси, по кој Македонија е на историско најниското ниво откако се мери корупцијата во Македонија, историското 111 место во друштво на држави кои и прашање е дали функционираат како нормални држави и политички системи.
Ова покажува дека корупцијата го скапува македонското општество, а двајца беа одговорни за таа работа фамозниот потпретседател на Владата за борба со корупција кој гледаме ако се бори и министерот за правда и затоа поднесуваме интерпелација за двајцата – вели Николоски во Вестите на Канал 5 телевизија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.