Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, за време на посета на Општина Јегуновце, зборуваше за последната акција на обвинителството, која беше пробиена пред да биде реализирана. Тој ова го нарече безбедносно фијаско, фијаско поврзано со иднината на децата.

Кокаин во Македонија има како никогаш претходно. Јас уште во мај 2019-тата година напишав една колумна насловена „Кокаин во поларизирана Македонија“, кокаинот го има во сите поголеми и урбани центри во државата, најмногу во Скопје како најголем урбан центар. И секој знае во секој урбан центар кои се тие кои што го носат кокаинот, кои се тие кои што го продаваат истиот. Само властите не знаат, и видовме дека акцијата им е пробиена, а не знаат за тоа што се тие поддржувачите на оние кои што го продаваат кокаинот на нашите деца. И за тоа е потребна оставка исто така веднаш и денес од Владата и од најодговорниот од министерот за внатрешни работи за тоа што дозволи оваа акција да пропадне, а дозволи да пропадне за тоа што се во соработка со овие криминалци. Гледаме слики излегуваат овие денови од највисоките структури на власта кои што седеле со луѓе кои што се, како што ги нарекува обвинителството нарко босови, односно тие кои што ова го организираат.

Тој побара одговорност од претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, за тоа што излегла фотографија каде што е сликан со еден од големите нарко босови.

Доколку тоа го направиле намерно, треба да понесат кривична одговорност, доколку можда ќе се правдаат дека е случајно треба уште поголема одговорност да понесат за тоа што се тие, тие кои што треба да знаат кои се луѓето со кои што се сликаат за тоа што се тие кои што се на врвот на безбедносните структури во државата. Безбедносните структури ги води министер за внатрешни работи, дел ги координира премиерот, а дел ги координира преку Националниот совет за безбедност и претседателот на државата. И за тоа оставка од Владата заради ова причина и одговорност од претседателот на Македонија – рече Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.