Во вечерашното издание на „Што не е јасно“ во Алфа телевизија, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во врска со бегството на Сашо Мијалков истакна дека мастер сценариото на власта било Мијалков да организира пуч во ВМРО-ДПМНЕ, но планот на Заев му се удрил од ѕид затоа што македонската јавност се спротивставила на манипулациите со владеење на правото, па СДСМ во очај морала да смислува глупости за да се испере пред граѓаните.
Ова е едно мастер сценарио на СДСМ, во кое попусто се обвинува ВМРО-ДПМНЕ. Вчера на пратенички прашања го прашав Зоран Заев ако веќе бегалецот од правдата бил во Скопје во која куќа или стан бил и дали е спроведена редовната процедура со претрес на таа куќа што е нормална пракса за да можат од таму да се прибават докази, но требало да се провери што има во таа куќа, а Заев одбегна да одговори – вели Александар Николоски.
Николоски вели дека „чиста глупост се обвинувањата кон ВМРО-ДПМНЕ за поврзаност со бегството на Сашо Мијалков“, затоа што службите можеле во било кој момент да ги проверат просториите на партијата, но можеби бил во Владата или во просториите на СДСМ каде дозвола за влез може да се добие само од Заев.
Мастер сценариото на СДСМ започнува некаде од јануари месец, во кое што требаше да се истргува со правдата, да се направи притисок врз судот за минимална казна, а за возврат Сашо Мијалков да организира пуч во ВМРО-ДПМНЕ. И да ја потсетам јавноста не случајно прес конференцијата на тој фамозен Иницијативен одбор се случи само ден по завршните зборови од случајот, кога беше јасно дека црно му се пишува – рече Николоски.
Тој вели дека откако власта увидела дека не може да ја контролира ситуацијата прво му рекла да бега, а потоа под притисок од меѓународната заедница го вратија некаде од пред Белград затоа што им пропаднал планот.
Во еден ваков очај власта мораше да смислува глупости за да може да испере, но задоволен сум од македонската јавност што покажа една голема сензитивност за владеење на правото и се спротивстави на манипулациите кои Зоран Заев ги прави четири години по ред со правото и правдата, па така тие кои му се пријатели на Заев, како брат му, братучед му, бизнис партнерите, не одговараат, а сите други одговараат дури и за најмали работи – потенцираше Николоски.
Николоски истакна дека премногу индикативен е фактот што Заев напишал статус на Фејсбук една минута откако случајно го затекна камерата бегалецот од правдата пред Обвинителството што е физички невозможно, значи дека се било плански сторено, како и тоа дека истиот тој план на власта и се „удрил од ѕид“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.