Николоски: Овие избори се влог за Венко Филипче дали ќе одговара потоа за сторениот криминал или не

Македонија 08.05.2020 / 20:26

Да ја потсетиме јавноста дека СДСМ се реши да не го кандидира за пратеник и носител на листа во петтата изборна едница Венко Филипче како резултат на бројните афери кои се отворија за него пред изборите, истакна потпретседатело на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето интервју за Канал 5 телевизија.

Тој истакна дека изборите се со голем влог за Филипче бидејќи доколку СДСМ загуби по изборите тој ќе мора да одговара за сторениот криминал. Токму поради ова Николоски се сомнева во непристрасноста на министерот за здравство кога станува збор за датумот за избори.

Јас не познавам многу луѓе во Македонија кои што имаат имот од 15 илјади метри квадратни на најатрактивна локација во Скопје. Ова ние јавно го објавивме и имаме документи за ова. Нема многу такви луѓе кои што имаат толку имот. Поентата ми е дека овие избори се влог за Венко Филипче дали ќе одговара потоа или не. Затоа што доколку победи ВМРО-ДПМНЕ верувајте дека ќе понесе одговорност за криминалните дејствија во министерството за здравство, а тие се бројни. Прво ги извадивме документите за неговото земјиште, постојат бројни индиции за местење на тендери, пред некој ден излеговме со две пресконференции, едната беше за стентови втората за реагенси. Такви информации објавуваше ВМРО-ДПМНЕ многу пред почетокот на корона кризата, заради корона кризата застанавме, но имаме уште многу материјали, вели Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.