Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, порача дека коалиционата влада е коалиција на лагата.
Гледаме дека ветувањата не важат, дека важат до завршуваме на изборната кампања и после стапуваат интересите – изјави Николоски.
Тој потенцира дека имало и изборна измама со поткуп на гласови од страна на владата, како и дека СДСМ не предлага нови лица, а истото може да се заклучи и за ДУИ.
Николоски истакна дека Македонија се сочува со проблемот со пандемијата и дека кризиата била искористена за одложување на изборите, поради што се создал страв кај гласачите. Во однос на екномијата, Николовски рече дека имало многу ветувања и најголем дел не се реализирале и народот не живее подобро.
Гледаме буџетска дупка од една милијарда евра. Не е тоа поради корона кризата – рече Николоски.
Истакна и дека „Зелената мафија“ и дека земјоделството трпи огромни загуби и нема откуп на грозјето, особено од откупот на грозјето, како и г изградбата на автопатиштата. Тој истакна дека и новинарите се подложени на притисоци и пстојано се во судските сали.
Овој предлог за влада нема капацитет да се избори за истото и не се способни да почнат од себе – рече Николоски.
Тој истовремено порача дека ќе има демонстрации против лагите на владата и дека тоа ќе се гледа по македонските градови и села.
Оваа коалиција ќе биде срушена на масовни демонстрации во македонските градови и села. Демонстрациите ќе почнат уште оваа есен, затоа што капацитет за запирање на поларизацијата нема, а нема капацитет ни за реализација на ветувањата. Народот се чувствува излажан и несоодветно претставен во оваа влада. Се гледаме на демонстрации и заедно ќе ја собориме оваа власт која ќе биде со најкраток мандат во историјата на Македонија – истакна Николоски.
Николоски се осврна и на случаите на судски прогон на новинарите Љупчо Златев, Александар Митовски и Горан Момировски кои се соочуваат со истраги, тужби, а еден е веќе осуден. Николоски истакна дека државата нема да оди никаде ако гони новинари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.