Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Aлександар Николоски во вестите на Сител говореше за разочарувањето кај граѓаните од владата, за првите денови од нејзиното владеење и за тоа дека имаме еден мега скандал со контроверзен бизнисмен, пропаѓање на банка како и најави за протест на лозарите.

Ова е старо-нова влада и ги обединува криминалот и лагата. . Проблемите на граѓаните се проблеми и на ВМРО-ДПМНЕ ние сме партија на народот. Не можеме да зборуваме за нова влада бидејќи се истите кадри и продолжуваат со старите навики-рече Николоски.

Не е работа на СДСМ да бара промени во ВМРО-ДПМНЕ како што не е работа на ВМРО-ДПМНЕ да бара промени во СДСМ но сепак неговата партија ќе има внатрепартиски промени, додаде Николоски за барањата за промени во партијата.

За спорниот ДУП во Тетово тој рече дека сите слушнале од снимката што на црногорскиот бизнисмен му е ветено и оти тој ќе оствари профит од 200 милиони евра.

Како е возможно да се овозможат вакви мулти милионски бизниси на контроверзни личности кој е познат во Србија, Црна Гора и во Босна како поддржувач на радикални елементи кои се проив евроатланските интеграции на целиот регион. Ова се добри прашања на кои треба да одговорат Заев и Ахмети-додаде Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.