Во емисијата „Утрински Брифинг“ гостуваше потпретседателот и пратеник од ВМРО- ДПМНЕ Александар Николоски кажа дека ВМРО – ДПМНЕ нема да дозволи попис којшто не е реален и којшто не е соодветен со процедурата и методологијата на ЕУРОСТАТ.
Николоски рече дека во изминатите недели тоа што се прави личи на се само не на попис каде еден човек со дваесет-триесет пасоши да внесува во компјутер податоци и дека е тоа манипулација на целокупниот систем.
Нема да дозволиме попис кој што е нереален. Ние јасно кажавме дека бројки кои што се нереални и кои што не се соодветни на процедурата и методологијата на ЕУРОСТАТ ние нема да прифатиме и да признаеме. Методологијата ја носи Државниот завод за статистика мислам дека има доволно време да бидат сите умни, да бидат сите паметни да пристапат кон овој процес пред се стручно, но и здраворазумски од причина што тоа што почнаа да го прават овие недели наназад е се само не е попис. Една таква масовна кампања каде што гледавме на маса ставени 20 – 30 пасоши па еден ги внесува во компјутер е манипулација на целокупниот систем, потенцираше Николоски.
Пратеникот и потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Николоски појасна дека мора да се направи една јасна дистинкција помеѓу оние кои што не живеат во Македонија или дијаспората и она население кое што живее во Македонија или резидентно население што е и основата на препораките на ЕУРОСТАТ организација која што се занимава со пописи насекаде во светот.
Мора да се направи една јасна дистинкција помеѓу оние кои што не живеат во Македонија односно се дијаспора и попишување на таканареченото резидентно население односно население кое што живее во Македонија што е основа на препораките на ЕУРОСТАТ организацијата која што се занимава со пописи насекаде низ Европа. И тоа е клуч за методологијата се направи едно јасно разграничување помеѓу овие две работи заврши Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.