Денеска претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, оствари средба со Н.Е. Марија Виргина Мендес де Силва Пина, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Португалија, со седиште во Белград, Република Србија, која ја покрива и нашата земја.

 

Николоски е првиот политичар кој остварил средба со амбасадорката откако, од 1 јануари годинава, Португалија е актуелен претседавач со ЕУ. Тој искористи можноста да упати покана амбасадорката да го посети Собранието, како и да се обрати пред Националниот совет за евроинтеграции.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, никој од актуелната власт на СДСМ не се сретна со амбасадорката на Португалија, претседавач на Европската Унија.

Исто така премиерот на нашата земја, Зоран Заев во последните шест месеци нема остварено средба со ниту еден европски премиер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.