За интерпелацијата на Венко Филипче имаме поддршка од сите опозциски партии. Катастрофа е и она што го видовме или обид кој заврши криминално за набавка на вакцини. Потоа смртноста е меѓу највисоките во светот. Тоа се причини зошто мислиме дека треба да замине Филипче, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во централниот Дневник на телевизија Сител.
Видовме и колегите на Заев и Филипче како не го почитуваат здравјето на граѓаните, и тоа вториот и третиот човек во владата. Едниот е во Мексико другиот во Дубари. Одморите на Николовски и Рашковски се исмевање во лицето на граѓаните кои се борат за живот- рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.