Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е во посета на Швајцарија, каде денеска оставри неколку средби, меѓу кои и со со македонската дијаспора од Локарно.
Топла средба со македонската дијаспора од Локарно во Швајцарија. Делиме иста визија за Македонија горда и напредна. Македонците се одлучни масовно да излезат да гласаат на 12 април и да стават крај на националното понижување и економското уништување на Македонија. Заедно и обединети победуваме за Македонија!, порача Николоски по средбата.
Како што соопшти, големиот христијански празник Прочка Николоски го помина со Македонците од Швајцарија во преубавата црква „Св. Наум Охридски“ во Триниген.
Одржавме и средба на која разговаравме за состојбите во татковината. Промената на 12 април доаѓа со дијаспората. Заедно да ја обновиме Македонија и национално и економски, порача тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.