Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, заедно со кандидатот за градоначалник, на Гевгелија, Андон Сарамандов, остварија средба со граѓаните со кои разговараа за нивните секојдневни проблеми.

Во Гевгелија дефинитивно ќе се случат промените. Всушност, резултатите во првиот круг тоа го покажуваат и сум убеден дека резултатите во вториот круг ќе бидат уште поубедливи за Андон Сарамандов и за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што промените во Гевгелија се извесни.

 

Во изминатите четири години за жал градот назадуваше, преку 1.500 луѓе ја напуштија Гевгелија во овие четири години и целосно се отселија затоа што економски градот стагнира, а градоначалникот Сашо Поцков во тесен круг ги носеше одлуките. Андон е човек којшто го знае градот, којшто ги знае луѓето кои живеат тука и ги знае нивните потреби и заедно со тимот што го има и со мнозинството кое ќе го има во рамки на советот, сум убеден дека ќе ги носат најдобрите одлуки за Гевгелија – истакна Николоски.

Тој потенцира дека Сарамандов има програма којашто е јасна, концизна и која дава клучни одговори за клучните прашања.

Но, овие избори не се избори само за Гевгелија, ова се избори за Македонија затоа што на овие избори референдумски одлучуваме дали Македонија ќе продолжи да назадува, да тоне во криминал и корупција и економски да уназадува, или ќе почне да се развива.

 

Овие избори се избори – референдум за иднината на Македонија и затоа ве повикувам на 31-ви октомври масовно да излезете и да гласате, потребна е голема референдумска и масовна излезеност за да се случат промените во Македонија – порача Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.