Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ денеска беше во скопски Аеродром во рамки на караванот за „Обнова на Македонија“.

Овие средби помагаат и за да слушнеме што е она актуелно кај граѓаните, што се нивните потреби и барања, што е она што го размислуваат за актуелната власт, кои се барањата кои што ги имаат од нас доколку победиме на следните избори и е стил кој што планираме и по завршувањето на овој караван да го продолжиме во слични форми во текот на следните месеци, рече Николоски пред насобраните граѓани.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи автентичното толкување на членот 11 Николоски одговори дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи сѐ што е против амнестија на било кого кој што сторил криминал.

Сето она што ќе спречи амнестија на било кој којшто сторил криминал ВМРО-ДПМНЕ го поддржува. Во однос на стручниот дел, добро да си ја разгледаат од СДСМ иницијативата затоа што има некои грешки таму, добро е да ја поправат ако не го направиле тоа намерно за да не се случи утре иницијативата да падне и да е уште една во овие низа на активности поврзани со практично отворањето на теми кои што изгледаат симпатично во јавност, а позади нив има апсолутен договор, рече Николоски.

Според потпетседателот на ВМРПО ДПМНЕ она што е фактот е дека ние не го слушнавме Зоран Заев да каже што мисли по однос на ова прашање.

Одговорот е многу јасно зошто не го слушнавме, затоа што тој е идејниот творец и авторот на оваа иницијатива. Никој не е наивен дека после 3 ипол години случајно на Уставниот суд му текнало од фијока да ја извади баш оваа иницијатива и да ја стави баш сега на дневен ред во исто време истиот подносител има уште три други иницијативи кои што ете Уставниот суд не решава да ги стави на дневен ред. Понатака во овие сценарија кои што се создаваат кои што се од некои минати времиња да не употребам потешки зборови се обидува од една страна да се намири со оној со којшто се прават непринципиелни коалиции, а видовме дека во државава постои непринципиелна крими коалиција и од страна да се претстави дека тоа го прави ВМРО-ДПМНЕ. Тоа нема да помине, тоа е обезличено и ВМРО-ДПМНЕ е против амнестија на било кој којшто сторил криминал и ќе ги поддржи сите форми тоа да не се случи, рече Николоски пред граѓаните на Аеродром.

Одредени медиуми објавија сума која што Николоски ја зел за патни трошоци во времето кога беше пратеник.

Прво немаше извор. Второ јас бев пратеник подолг временски период така што е многу непријатно да се собираат апсолутни бројки за долг временски период. Она што исто така можам да го споменам е дека вчера направив едно сопствено истражување. Точно е дека јас сум патувал за да дојдам на своето работно место, но точно е дека тоа било многу помалку од многу останати колеги пратеници. Всушност Собранието објавуваше годишни извештаи во кои што моето име го немаше на врвот, а исто така тоа што е непријатно и е манипулација, јас во подолг временски период, сите знаат дека имав интензивна меѓународна активност во која што меѓународна активност имав чести патувања и сето тоа влегува во една ставка. И кога ќе го ставите во една ставка изгледа како што изгледа, но кога ќе го расчлените изгледа многу поразлично од тоа што се обидува да се направи во јавноста . Имаме теми кои што се сега актуелни и јас сум свесен дека и на мене и на раководството на партијата ќе се обидат да ни ставаат црни дамки, тие црни дамки не поминуваат затоа што времето ги докажало дека не се такви и тие црни дамки не можат да ги исклучат аферите кои што во моментов се случуваат, рече Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.