Очекувам прво министерот за надворешни работи Никола Димитров да поднесе оставка и потоа кривично да одговара поради тоа што не го пријавил случајот „Рекет“, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ на денешната прес-конфренцијата.
Драго ми е што вистината излегува на виделина. Зоран Заев се закани дека ќе ме тужи за клевета за случајот „Рекет“. Пред неколку месеци на телевизиско соочување, односно дебата со министерот за надворешни работи Никола Димитров, јавно во таа емисија го кажав тоа што го кажав денес, односно кажав дека еден амбасадор од земја членка на ЕУ реагирал кај министерот за надворешни работи, затоа што почесниот конзул на таа држава, за која еве сега е познато името, бил рекетиран од Бојан Јовановски и други лица поврзани со него, синот на Катица Јанева и останати, рече Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ го коментира тоа што почесниот конзул на Латвија пријавил кај Димитров дека Јовановски му барал рекет.
Тоа тогаш беше најостро демантирано од Никола Димитров дека таква работа немало, дека тоа било лага и така натака. Но, пред вистината и Боговите молчат. Еве после неколку месеци во судска постапка се потврдува дека Никола Димитров знаел за рекет и не пријавувал за рекет затоа што е кривично дело, и би сакал да го повикам ЈО и сите останати органи да го повикаат Никола Димитров и да го прашаат зошто не пријавил и соодветно да спроведат кривична постапка против него затоа што затскривање или не пријавување кривично дело е исто така кривично дело, рече Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.