Далеку од очите на пошироката јавност на 31 август оваа година само еден ден по формирањето на старо- новата Влада на СДСМ и ДУИ во Советот на Општина Тетово каде мнозинство имаат исто така СДСМ и ДУИ се изгласа детален урбанистички план кој во себе носи криминал, корупција како и сериозен регионален контроверзен контекст, обелоденува Александар Николоски од ВМРО ДПМНЕ, преку статус на Фејсбук.

Понатаму тој пишува:

Еден ден по изгласувањето на Владата мафијата на дело покажа како изгледа коалицијата на политичкиот естаблишмент и криминалците. Имено на седницата на Совет на Општина Тетово беше изгласан детален урбанистички план за урбан блок 57а кој се наоѓа на местото на поранешниот гигант ШИК Јелак.

Со ДУПот целосно се нарушува балансот и урбаното живеење во градот. Со овој ДУП се предвидува градба од 230 000 метри квадрати од кои станови дури 140 000 метри квадратни, а околу 80 000 метри квадратни деловни објекти. Поедноставено ова значи околу 2 000 нови станови во Тетово со некаде околу 8 000 нови жители, како и деловни објекти кои дополнително ќе го оптоварат градот. План за кој нема никакви нити урбанистички нити сообраќајни услови а најмалку хумани услови за живот. План во кој потенцијалната заработка на инвеститорот надминува незамисливи 200 милиони евра!

Тука доаѓаме до клучното прашање- кој е сопственик на земјиштето и за кого СДСМ и ДУИ го спремаат овој профитабилен бизнис? Сопственик на објектите на поранешен ШИК Јелак како и земјиштето на кое ќе се гради е контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ. На македонската јавност познат од разговорите кои се објавија пред парламентарните избори во кои јасно се слуша дека дал 300 000 евра со цел да му се завршат работите, а дополнително ветува 2 000 метри квадратни земјиште и 2 милиони евра доколку се дозаврши работата поврзана со ШИК Јелак Тетово.

На македонската јавност и беше исто така презентирано дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ на најмалку три седници одржани на 25.12.2018, на 15.01.2019 и на 07.02.2019 дала согласност да се понуди остатокот од ШИК Јелак на Дака Давидовиќ кој веќе поседувал дел од ШИК Јелак искористувајќи празнини во законот. Со тоа контроверзниот Миодраг Дака Давидовиќ има право да го откупи по почетна ниска цена целокупното земјиште на ШИК Јелак и на него со новиот ДУП да изгради објекти од кои ќе заработи незамисливи 200 милиони евра. Дека ништо не е случајно се слушна и во разговорите од кои се дозна дека Давидовиќ е во постојана комуникација со Драги Рашковски- генералниот секретар на Владата, а има средби и со Зоран Заев.

Изгласувањето на спорниот ДУП само еден ден по формирањето на Владата по претходна согласност од Министерство за транспорт и врски исто така предводено од СДСМ само ги потврдува сите криминални наводи објавени во разговорите пред изборите, а исто така отвора и сомнеж за нови кривични дела од видот на повластување на инвеститори. Се поставува прашањето кај кого ќе завршат 2 000 метри квадратни земјиште и 2 милиони евра спомнати во разговорите како додаток на веќе исплатените 300 000 евра? Кој се од СДСМ и ДУИ е замешан во ова?

Дали целта на коалицијата на лагата меѓу СДСМ и ДУИ е продолжување на криминалот? И дали се свесни СДСМ и ДУИ за регионалниот контекст поврзан со гоестратешките ориентации на регионот и улогата на Миодраг Дака Давидовиќ во истите? За ова ќе пишувам повеќе во текот на утрешниот ден.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на Фејсбук напиша дека далеку од очите на пошироката јавност на 31 август оваа година само еден ден по формирањето на старо- новата Влада на СДСМ и ДУИ во Советот на Општина Тетово каде мнозинство имаат исто така СДСМ и ДУИ се изгласа детален урбанистички план кој во себе носи криминал, корупција како и сериозен регионален контроверзен контекст.

Еден ден по изгласувањето на Владата мафијата на дело покажа како изгледа коалицијата на политичкиот естаблишмент и криминалците. Имено на седницата на Совет на Општина Тетово беше изгласан детален урбанистички план за урбан блок 57а кој се наоѓа на местото на поранешниот гигант ШИК Јелак.
Со ДУПот целосно се нарушува балансот и урбаното живеење во градот. Со овој ДУП се предвидува градба од 230 000 метри квадрати од кои станови дури 140 000 метри квадратни, а околу 80 000 метри квадратни деловни објекти. Поедноставено ова значи околу 2 000 нови станови во Тетово со некаде околу 8 000 нови жители, како и деловни објекти кои дополнително ќе го оптоварат градот. План за кој нема никакви нити урбанистички нити сообраќајни услови а најмалку хумани услови за живот. План во кој потенцијалната заработка на инвеститорот надминува незамисливи 200 милиони евра!
Тука доаѓаме до клучното прашање- кој е сопственик на земјиштето и за кого СДСМ и ДУИ го спремаат овој профитабилен бизнис?
Сопственик на објектите на поранешен ШИК Јелак како и земјиштето на кое ќе се гради е контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ. На македонската јавност познат од разговорите кои се објавија пред парламентарните избори во кои јасно се слуша дека дал 300 000 евра со цел да му се завршат работите, а дополнително ветува 2 000 метри квадратни земјиште и 2 милиони евра доколку се дозаврши работата поврзана со ШИК Јелак Тетово.
На македонската јавност и беше исто така презентирано дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ на најмалку три седници одржани на 25.12.2018, на 15.01.2019 и на 07.02.2019 дала согласност да се понуди остатокот од ШИК Јелак на Дака Давидовиќ кој веќе поседувал дел од ШИК Јелак искористувајќи празнини во законот. Со тоа контроверзниот Миодраг Дака Давидовиќ има право да го откупи по почетна ниска цена целокупното земјиште на ШИК Јелак и на него со новиот ДУП да изгради објекти од кои ќе заработи незамисливи 200 милиони евра.
Дека ништо не е случајно се слушна и во разговорите од кои се дозна дека Давидовиќ е во постојана комуникација со Драги Рашковски- генералниот секретар на Владата, а има средби и со Зоран Заев.
Изгласувањето на спорниот ДУП само еден ден по формирањето на Владата по претходна согласност од Министерство за транспорт и врски исто така предводено од СДСМ само ги потврдува сите криминални наводи објавени во разговорите пред изборите, а исто така отвора и сомнеж за нови кривични дела од видот на повластување на инвеститори.
Се поставува прашањето кај кого ќе завршат 2 000 метри квадратни земјиште и 2 милиони евра спомнати во разговорите како додаток на веќе исплатените 300 000 евра?
Кој се од СДСМ и ДУИ е замешан во ова?
Дали целта на коалицијата на лагата меѓу СДСМ и ДУИ е продолжување на криминалот?
И дали се свесни СДСМ и ДУИ за регионалниот контекст поврзан со гоестратешките ориентации на регионот и улогата на Миодраг Дака Давидовиќ во истите? За ова ќе пишувам повеќе во текот на утрешниот ден.
Во прилог усвоениот ДУП како и прецизниот опис на вкупно развиената површина за градба која надминува 230 000 метри квадратни со над 2 000 станови и најмалку 8 000 нови жители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.