Тројца новинари се под судски прогон и притисок од Власта затоа што објавуваат материјали од јавен интерес кои ги добиле од свиркачи, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Новинарите кои објавуваат материјали за криминалите на власта се под притисок и сметам дека најмалку што може да направиме како пратеници е да дадеме поддршка на новинарите кои што во моментов се или под судски прогон, или веќе имаат донесени судски пресуди за изнесување во јавност информации кои што до нив стигнале од укажувачи, а кои што судот проценил дека се од таканаречена државна тајна, затоа што новинарите одлучиле дека јавниот интерес е пред државната тајна и заради тоа решиле да ги публикуваат. Ова е лоша пракса, ниту една власт не издржала на сила!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.