Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во своето гостување во вестите на Сител истакна дека не памети лидер на СДСМ во опозиција да се сретнал со премиер на земја-членка на ЕУ.
Прво јас не можам да се сетам дека претставник на СДСМ додека беа во опозиција се видел со премиер на земја-членка на ЕУ, што значи дека нивото е многу различно. Многу повисоко ниво е ВМРО-ДПМНЕ што се среќава со претставници на ЕУ, односно се среќава со првите луѓе на државите. Второ, ќе ја потсетам јавноста дека кога СДСМ остваруваше средби, тоа беше класично кодошење на штета на државата. На пример Македонија земе многу поскапи кредити само заради тоа што тогашните функционери на СДСМ пишуваа писма до банките од каде што Македонија требаше да обезбеди средства за сопствениот буџет. И трета работа луѓето со кои што се гледаме се први луѓе на нивните држави и верувајте се исклучително добро информирани имаат и свои амбасади нормално тука и знаат и повеќе од што ќе им кажете, потенцираше тој
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.