Има општа стихија, владата не се справува никако со корона кризата. Околу 800 семејства се завиени во црно. Тоа се бројки невидени за било каде кога ќе се споредат и број на жители. Имамо крајно неспособен премиер кој се грижи за своите интереси и за фамилијата и министер за здравство шминкер кој не мисли на ништо освен на свој имиџ, рече Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на штипската телевизија Стар.

Николоски посочи дека оваа влада не знае ништо освен неодговорно и коруптивно однесување.

Мислеа како на Жути да му дадат тендери за лаборатории. Во болницата во Штип има апарат за анализи на крв нов, тие ист таков донесоа само за да има еден доставувач на реагенси и истиот тој доби тендер за стентови. Се мисли само како на Жути да му дадат тендери, рече Николсоки.

Потпретседателот Николоски најави како што рече дека ќе следат „интересни тендери кои ќе бидат сомнителни и ќе бидат крајно коруптивни, времето ќе покаже“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.