Александар Николоски во денешното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 се осврна и на претстојната лидерска средба.

Драго ми е што ќе има лидерска средба, здраво е за државата главните политички сили да најдат решение. Ние ќе изелеземе со план. Она што можам да го кажам е дека нашиот план ќе води до избори и заштита на здравјето на граѓаните. Не можеме да дозволиме луѓето да заболуваат или да губат животи од корона само за да има избори. Нас не ни треба власт која би се добила со заболување на многу луѓе.

Во моментов Македонија има наголем број мртви на милион жители во споредба со останатите држави. Во македонија најмногу умираат а се прават најмалку тестови. И тоа се прави за да се покаже некаква нормалност. Комисијата за здравство е под притисок на Венко Филипче, рече Николоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.