Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во денешното интервју за Канал 5 потенцираше оти на Македонија и се потребни промени и влада за национално единство. Според Николоски само здрава патриотска влада може да постигне договор со Бугарија.

Бараме предвремени парламентарни избори кон средината на 2021, вели Николоски.

Тој обвинува дека наместо со консензус, власта „шверцерски“ сака да го донесе Законот за попис.

Според Николоски, изборите се најрелевантна анкета за довербата на граѓаните во партиите.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека работат на окрупнување на опозицијата и соработка со опозициските албански партии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.