Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва гостуваше во дневникот на телевизија Сител каде што една од темите за кои зборуваше беше и соработката со опозициските албански партии.

Тој посочи дека ова е почеток на една соработка на идеолошки и принципиелни основи и дека најважната точка која ги поврзува е организирианиот криминал и корупцијата.

Она што особено е значајно, е дека ова е еден почеток на една соработка на идеолошки и принципиелни основи. Ние сме конзервативни центар-десни партии и најбитниот елемент тука е што првата соработка или првото јавно претставување на оваа соработка го прави фондацијата Конард Аденауер која што е најголемата германска фонадација на владеачката партија ЦДУ на Меркел, што дава дополонителна тежина на целата оваа работа. Она што не врзува во моментот, првата врзивна точка која што ја имаме помеѓу нас, Алеансата за Албанците и Алтернатива е борбата со организираниот криминал и корупција, затоа што Македонија скапува од корупција. Корупција има и во Гевгелија, поприлично има и во Струмица во моменотв, има и во Гостивар, има и во Тетово, има и во Скопје, корупција има и кај македоноци, и кај албанци, и кај турци, и кај срби и кај останатите. И тоа што е врзивно ткиво помеѓу нас како политички субјекти, е желбата да се избориме против организираниот криминал и корупција и околу тоа разговараме во овој момент. Јас се надевам дека ова ќе прерасне во една плодна соработка. Точно е дека ова е прв пат во опозиција на овој начин да соработуваат политички партии и сметам дека правиме едно пионерско дело кое што ќе го препознаат и македонците и албанците, и турците, и ромите, и србите и сите кои што живеат во Македонија, рече Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.