Александар Николоски, потпретседател на ВМРО ДПМНЕ најави нови средби со премиери и државници во Централна и во Западна Европа каде што ќе продолжат да бараат поддршка.
За четири дена се сретнавме со тројца премиери на земји членки на Европската унија, два министри за надворешни работи и неколку други врвни политичари. Ние за четири дена се видовме со повеќе државници отколку што Зоран Заев се има видено за 5 месеци колку што е повторно премиер, а направивме повеќе отколку 4 години Зоран Заев, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во денешното интервју на Македонското радио.
Николоски рече дека целта на средбите била да се зацврсти партиската соработка на ВМРО-ДПМНЕ со сестринските партии, но и да ги информираат и да побараат поддршка за Република Македонија, истакнувајќи дека откако излегла аферата Рекет Зоран Заев немал средба со премиер на земја членка на Европската унија бидејќи никој не сака да седи на иста маса со корумпиран премиер.
Целта на овие средби беше да прво ја зацврстиме партиската соработка затоа што се работи за наши сестрински партии. Но, второ и да информираме што се случува во државата да побараме поддршка. Она што е исклучително значајно е дека кога сте на власт на некој начин има и обврска гостинот да ве прими, кога сте во опозиција само е прашање на добра волја, а клучната разлика помеѓу нас и Заев е што Заев немал официјална средба со премиер на земја членка на Европска унија минус Бојко Борисов од пред аферата Рекет. Значи од година ипол никој не го прима Зоран Заев затоа што откако излезе торбата Луј Витон полна со евра, веќе никој не ска да се среќава со него, а не сака да се среќава со него од едноставна причина што нема премиер на развиена западно европска држава кој што сака да седне на иста маса со колега корумпиран премиер, затоа што и таму има опозиција и на избори опозицијата ќе им рече зошто седите со корумпирани и ќе ги изгубат изборите и не сакаат да си го рушат кредибилитетот, додаде Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.