Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во интервју во Централниот дневник на ТВ Сител, порача дека ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени парламентарни избори и формирање Влада на национално единство, бидејќи, како што истакна, на власта и се случувала апсолутна катастрофа.

ВМРО-ДПМНЕ веќе бара предвремени избори. Нашиот план е во три чекори. Првиот чекор е Владата да поднесе оставка, вториот чекор е да се формира Влада на национално единство или за национален спас којашто би ги собрала најголемите умови во Македонија и којашто би имала поддршка од сите политички партии со цел да ја извадат државата од здравствената и економска криза. Тоа мислам со една добра работа доколку сега работат може да го направат до месеците април, мај и веднаш потоа тоа да се оди на предвремени парламентари избори на коишто Македонија ќе добие нова политичка Влада, а јас сум убеден предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што апсолутна катастрофа во моментот и се случува на власта, комбинирана во два дела. Од еден дел имаат  голем економски пад затоа што овие средства коишто фалат и за коишто се позајмуваат очигледно е дека не знаат како да ги изменаџираат, а од друга страна мора да ги исполнуваат политички договори односно мора да задоволуваат апетити на коалиционите партнери – нагласи Николоски.

На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ има план како Владата ќе си поднесе оставка, Николоски одговори:

Првиот и најдобар начин е владата сама да си поднесе оставка, не сум убеден дека тоа ќе се случи да бидам директен, затоа ВМРО-ДПМНЕ во Собранието интензивно работи со неколку политички партии кои се дел од коалицијата СДСМ-ДУИ, но не припаѓаат на СДСМ или ДУИ туку се помали политички партии, разговараме со нив со цел да падне оваа влада затоа што и тие се незадоволни од националното предавство што и се случува на Македонија и од сериозната економска и здравствена криза која што ја гледаме во моментот. За многу брзо по празниците мислам дека јавноста ќе има што да види – изјави Николоски.

Тој истакна дека нема потреба од блокада во Собранието, односно како што изјави, во собранието мнозинството е мнозинство и доколку се соберат 61 пратеник подготвени да ја срушат власта е многу едноставно.

Па нема потреба од блокада затоа што во собранието мнозинството е мнозинство, оној кој што има 61 пратеник е тој којшто го диктира мнозинството. Така што доколку се соберат 61 пратеник подготвени да ја срушат власта е многу едноставно. Еве најдобар пример за таа работа е што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за потпретседателот на Владата, Никола Димитров, претседателот на собранието не ја става на дневен ред, и втора работа координаторот на пратеничката група на СДСМ изјави дека кога ќе дојде на дневен ред СДСМ воопшто физички нема да присуствува на таа интерпелација што само покажува дека се свесни дека е возможно да го изгубат мнозинството во собрание затоа што да е обратно, утре би ја ставиле на дневен ред – изјави Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.