Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петар Сијарто. Како што соопшти Николоски, средбата доаѓа како продолжение на претходната дипломатска посета која што делегација предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ја имаше со врвот на унгарската влада, како и во функција на реализација на заложбите за почеток на преговори на Македонија со ЕУ, интензивирање на соработката на сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и ФИДЕС и продлабочување на односите на Македонија и Унгарија.
На средбата разговаравме за продлабочената соработка и јакнење на капацитетите на двете сестрински партии Фидес и ВМРО-ДПМНЕ во рамките на семејството на Европската Народна партија, како и продолжување на напорите на одблокирање на патот кон Европската Унија. Истакнав дека исклучително важно е да не се губи време со интеграциите на Македонија и од голема помош е секоја поддршка и лобирање на пријателите како што е Унгарија. Високиот степен на корупција, како и неказнетиот криминал кој е потврден и од Транспаренси Интернешнл е сигнал дека Владата на Македонија ги губи своите приоритети, но и дека сето тоа не смее да ја направи државата и граѓаните заложник на неспопособната Влада.
Беше констатирано дека Македонија е време да започне преговори веднаш, а поддршката е сестрана од Унгарија, воедно ваква поддршка Владата треба да побара од сите држави пријатели на Европско тло, соопшти Николоски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дипломатската турнеја ќе ја продолжи во Белград, каде ќе оствари средба со амбасадорката на Португалија, земја претседавач со ЕУ, Марија Виргина Пина која ја покрива и Македонија.
Воедно, ова ќе биде прва средба со политичар од Македонија откако од 1 јануари оваа година Португалија е земја претседавач со Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.