Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски, се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон.

На средбата искажав благодарност за силната поддршка на Кралството Шведска за нашата европска интеграција, како и поддршката на политиката за проширување на ЕУ.

 

Ја информирав амбасадорката Бенгтсон за формирањето и новиот состав на Националниот совет за евроинтеграции, неговите надлежности и улогата како клучно тело во процесот на преговорите и важноста на консензуалното одлучување меѓу сите членови на Советот.

 

Во пријателска и отворена атмосфера разменивме мислења за актуелните предизвици за почеток на пристапните преговори, за потребата за надминување на поларизацијата во општеството и се согласивме за неопходноста од имплементација на клучните реформи во процесот – објави Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.