Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Александар Николоски се сретна со амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Дирк Јан Коп.
Како што соопшти, Николоски го информирал амбасадорот дека во текот на месец јануари годинава остварил средби со амбасадори на земји-членки на ЕУ.
На средбата го запознав амбасадорот на Холандија за клучните цели на Националниот совет за евроинтеграции од формирањето во 2007 година, надлежностите, инклузивниот состав и клучната улога што Советот треба да ја оствари во процесот на пристапните преговори со ЕУ.
Исто така на средбата разменивме мислења за прашања од областа на борбата против корупцијата, предизвиците што претстојат во процесот за почеток на преговорите, ефектите од пандемијата со Ковид 19 врз економијата, проблемите околу вакцините, соопшти Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.