Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Александар Николоски се сретна со амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Томан.

Ја искористив можност да се заблогадарам за контиунираната и силна поддрршка на Чешка за европската интеграција на Македонија. Со амбасадорот разговаравме за составот на Националниот совет за евроинтеграции и улогата во пристапните преговори.

 

Исто така се заблагодарив за Чешката принципиелност и поддршка на политиката на проширување на ЕУ, особено покажана на состанокот на Европскиот совет во декември минатата година, во однос на заклучоците за проширувањето предложени од страна на Германското претседателство.

 

Разговаравме и за силната поддршка на Вишеградската група, за добивање на членство во ЕУ на земјите од Западен Балкан и континураната поддршка на Репубика Македонија – објави Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.