Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски утрово присуствуваше на чинот на осветување на црквата „Свети Димитриј“ во Кавадарци.

-Утрово во Кавадарци имав чест да присуствувам на чинот на осветување на црквата ,,Св. вмч. Димитриј”.

Митрополитот Повардарски г. Агатангел заедно со Владиката Иларион, Владиката Јаков и Владиката Пимен, како и бројно свештенство на Македонската православна црква го извршија чинот на осветување на црквата Свети Димитрија, чија реконструкција заврши по пет години реновирање.

На чинот на осветување и Архиерејската литургија присуствувавме со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, пратеникот од Кавадарци Зоран Јованчев и Наќе Чулев, стои во неговиот пост на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.