Делегација на ВМРО-ДПМНЕ на чело со потпретседателот Александар Николоски денеска положија цвеќе во спомен на загинатите кај Карпалак 2001 година.

18 години од големата трагедија на Карпалак. Да изразиме почит кон хероите. Нив им должиме многу, им ја должиме слободата која што ја имаме денес. Мора да го чуваме споменот и мора да ја чуваме унитарна и целовита Македонија затоа што за тоа се бореа овие херои, порача Николоски.

На денешен ден пред точно 18 години во 9:30 часот, на автопатот Скопје – Тетово, армискиот конвој составен од пет возила и 120 резервисти влезе во заседа кај месноста Карпалак, при што биле убиени и масакрирани 10 прилепски резервисти.

За нивните семејства тоа е вечен непробол, за Македонија тие се херои. Такви беа, се и ќе продолжат да бидат. Како и сите останати кои што го положија животот во 2001 година, сите оние кои што беа повредени и сите кои што учествуваа во тој воен конфликт. Мора да го чуваме споменот и мора да ја чуваме унитарна и целовита Македонија, затоа што за тоа се бореа овие луѓе. За жал гледаме дека во изминатиов период Македонија е нападната, но со нивниот аманет мора да продолжиме да се бориме и да ја чуваме државата, додаде Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.