Мицкоски ќе победи затова што е чесен, затоа што е поквалитетен и далеку поголем родољуб од Заев, вели Александар Николоски, коментирајќи ја одлуката на Државната комисија за спречување на корупција дека не постои судир на интереси кај претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Нема никаква повреда на ниеден закон!, потенцира потрептседателот на ВМРО-ДПМНЕ
Со ова паѓа цела црна кампања на СДСМ и Зоран Заев! После ова е јасно дека нивната цел не е вистината туку оцрнувањето! Јасно е дека се било лага и конструкција! Ние тога го знаевме од првиот ден, го знаеше и јавноста, сега само институционално се потврдува. Тоа е клучната разлика меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, меѓу нас и нив!
На едната страна имате посветени и квалитетни луѓе кои сакаат Македонија да оди напред, на другата го имате Заев кој од својата фамилија направи клан кој владее криминално со Македонија. На едната страна визија и концепт, на другата криминал, корупција и радикализам.
Овие два концепти ќе се судрат на 12 април и ќе победи иднината на Македонија. Ќе победи Мицкоски затоа што е неспоредливо подобар и почесен од Заев, поквалитетен и далеку поголем родољуб. Ќе победи Македонија!, порача Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.