Николоски: Македонската јавност не доби правилна информација во моментите кога беа потпишувани договорите со Бугарија и со Грција

Македонија 08.05.2020 / 20:52
(фото: Влада на РМ)

Владата на СДСМ ја лажеше македонската јавност кога ги потпишуваше договорите со Бугарија и Грција, таму немаше заштитна клаузула и механизам со кој ќе се натера другата страна да го почитува договорот истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алекснадар Николоски во своето гостување во емисијата „Само Вистина“. Ова значи дека македонската држава и натаму може да биде мета на уцени од страна на соседите и покрај тврдењето на власта дека се решени сите отворени прашања, вели Николоски. Во моментов Македонија се соочува со нова блокада од страна на Бугарија на патот кон ЕУ, а Македонците се уценети да се откажат од својот јазик и историја за да станат дел од Европската Унија, благодарение на политките на Заев и СДСМ.

Реалноста е дека вистината на крај излегува на виделина, а тоа е дека македонската јавност не добила правилна информација во моментите кога беа потпишувани договорите со Бугарија и со Грција затоа што тогаш беше кажано дека билатералните спорови со соседите Македонија ги надминала, говорам за Заев и за Димитров. Дека гради пријателства и дека веќе нема проблеми со соседите, за да видиме денес дека времето ги демантира и тоа е тоа кога ја ставате главата во песок или ѓубрето под тепих, не можете да избегате од таа работа. За мене се уште е нејасно зошто Владата го криеше документот кој што беше презентиран од страна на ЕУ, а беше како реакција на Бугарија. Ништо не останува скриено во овој свет, а најмалку еден таков документ. Уште е нејасно зошто се обидоа да го скријат, вели Николоски



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.