Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ имаше обраќање во рамките на Политичкото собрание на европската народна партија. На својот фејсбук профил Николоски напиша:

Во рамки на Политичкото Собрание на Европската Народна Партија овие два дена информираме за криминалот и корупцијата кои се случуваат во Македонија. Истите достигнаа меѓународни размери. Поранешниот премиер Заев во друштво со поранешниот премиер на Малта Мускат и премиерот на Албанија Еди Рама решиле да ги приватизираат за безпари здравствените системи во Македонија, Албанија и Малта. Врвен корупциски скандал!
Македонија тоне во криминал и корупција, а на тоа ќе ставиме крај.
Ги информиравме нашите партнери од Европската Народна Партија за програмата која што ВМРО-ДПМНЕ ја спрема за следните парламентарни избори и за обидот на Заев да избега од нив затоа што е свесен дека ќе изгуби на изборите.
Во едно партнерство помеѓу ЕНП и ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе добие датум за почеток на преговори во 2020 година и со едно силно темпо на реформи ќе успееме да го надохнадиме времето изгубено со Зоран Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.