Македонија не отпочнува преговори со ЕУ поради криминалот и корупцијата, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ кој гостување во Македонско Радио.

Треба да сме на чисто дека Бугарија не е единствената причина зошто Македонија не почнува преговори, туку причината зошто Македонија не почнува преговори е немањето реформи и корупцијата. Едноставна е работата, не е само одлуката за проширување која се носи со консензус во ЕУ, многу други одлуки се носат со консензус и доколку останатите земји членки на ЕУ беа убедени дека Македонија е толку многу напредната со Зоран Заев и дека треба да почне преговори верувајте дека ќе најдеа начин да ја убедат Бугарија да се согласи да почне преговори од едноставна причина што и други одлуки се носат со консензус кои што дел се од интерес на Бугарија и ќе им кажеа не блокирајте за почеток на преговори за Македонија, ние нема да блокираме за друга некоја одлука која е во интерес на Бугарија. Но имајќи предвид дека не го направија тоа јасно покажаа дека не се согласуваат со почеток на преговори за членство со Македонија затоа што не се задоволни ни од историските прашања помеѓу Македонија и Бугарија, туку од состојбата која што е Македонија, рече Николоски.

Во своето гостување Николоски ги образложи причини поради кои Македонија не отпочнува преговори со ЕУ.

Најдобар дока за тоа се две работи. Прво бугарскиот претседател Румен Радев јасно кажа дека до ноември 2019 година Бугарија немаше никаков проблем Македонија да почне преговори. Ова е важно затоа што еве мораме да се вратиме назад Зоран Заев велеше дека треба да се потпише промена на името до јуни 2018 година, со цел на Самитот на Европската Унија на 17 јуни 2018 година Македонија да добие датум за почеток на преговори. Заев го смени името но веќе на 29 јуни не доби датум за преговори, а се излажа прво се сликаа во авионот, па потоа дојде и во македонското Собрание и кажуваше дека Македонија доби датум за преговори за веќе после ден два таа лага да прсне како меур од сапуница. Тогаш не доби Заев датум од две причини, прво година дена беше премиер и реформскиот дел 3-6-9 самите од владата дадоа оценка дека е реализиран 42%, а реално не ни 20% реализиран и тоа беше јасен сигнал до ЕУ дека не може да им одобрат преговори. Пота ЕУ даде една година до јуни 2019 година во кој што требаше да се реализираат три реформи, од тие три нешто се чепна во безбедносните реформи, а во останати две ништо, напротив во 2019 година се случи скандалот „Рекет“ како и поткупот на претседателските избори и во јуни 2019 година ЕУ повторно рече нема датум за преговори и даде рок до октомври. Помеѓу јуни и октомври еруптираше Рекет и во тие услови во октомври ЕУ стави вето заради корупција и неспособност и тоа се изгубени. Да не заборавам Заев со договор со Еди Рама ја стави во иста група со Албанија иако Македонија беше во група со Хрватска, Хрватска влезе во ЕУ, а Заев ја врати Македонија со група со Албанија. Одлуката на бугарскиот парламент дојде после 2019 година односно кога видоа дека ЕУ три пати не доделува датум. Тогаш Заев ја лажеше македонската јавност дека Бугарија тоа го прави заради изборите. Во март 2020 год овие заклучоци станаа дел од заклучоците на ЕУ и повторно Македонија не доби датум. Владата се обиде да го скрие документот јас лично го извадив. Така што првата причина зошто Македонија не почнува преговори се криминалот и корупцијата, а втората причина е зошто секаде се ветува се, а не може да се исполни. Тоа се покажува и во последниот извештај Транспаренси, нај релевантната институција во светот за мерење на степен на корупција, додаде Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.