Во денешното интервју на Тера телевизија посветено на претседателските избори, со потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ меѓу другото разговараме и за евроатланскиот пат на земјата.

„Велам за жал, бидејќи е штета за целата држава. Македонија и оваа годинава нема да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ. Иако држвата добиваше позитивни препораки за отпочнување на преговори од 2008 година континуирано, со исклучок на претходната и оваа година, не ги почнуваше преговорите заради спорот со Грција. Лани основната мотивација на Заев и Димитров зашто потпишаа таков договор каков што потпишаа, кој по сите основи е лош и полош не можеше да биде, беше почеток на преговори за членство во ЕУ. Лани на 17 јуни го потпишаа договорот блиску тука до Битола и веќе на 29 јуни Европската унија реши да не ни даде датум за преговори, им дадоа еден сет од четири работи кои што требаше да се направат до овој јули за датум за преговори. Јас во ноември напишав една колумна во која што предвидов дека Македонија нема да добие ниту оваа година датум за преговори, не дека сум видовит, туку затоа што имам соодветни информации од Брисел, а се сведуваше на еден апел до Владата сериозно да ги свати тие четири реформи, но Владата тоа не го свати сериозно и мислеа дека само со договорот од Преспа ќе добиеме датум“ вели Николовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.