Навистина сум среќен што има позитивна енергија и позитивни вибрации на секаде низ Македонија. После 17 и 31 октомври Скопје ќе биде повторно вмровски град, рече Александар Николоски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во тек на трибина во општина Кисела Вода.

Николоски посочи дека во Кисела Вода се потребни промени и дека истите ќе ги има на 17 октомври. Нагласувајќи дека актуелниот градоначалник Филип Темелковски е мрзелив и неработник, и со тие карактеристики ја води општината 4 години, затоа и има урбан хаос и ѓубре.

Потпретседателот на најголемата опозициска партија смета дека заради неспособноста на Темелковски и неговата неработа и Цементара го загадува цело Скопје, заради отпадот кој го горат и за кој донесоа закон во собрание.

Имаме одличен тим предводен од Орце, кој е најдоброто решение за општината, тој е чесен човек, кој во соработка со сите вас граѓаните ќе донесе промени и едно чесно и одговорно работење, кажа Николоски.

Тој додаде:

Јас сум убеден дека на 17 и 31 октомври ќе славиме низ цела Македонија, затоа ве повикувам на масовна и голема излезност. Идеално за власта е луѓето да останат дома. Од тие причини Зоран Заев води кампања сите се исти, со цел да ги пасивизираат луѓето. Од друга страна во СДСМ врие и затоа немаат кандидати за градоначалници во многу места.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.