Во трка по провизии се губат човечки животи, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ откако италијанскиот весник „Ла верита“ ги објави писмата со потпис и печат од министерот за здравство Венко Филиче, во кои се потврдува дека се фаворизирала фантом фирма за набавка на кинеските вакцини.
Во прилог две писма кои се доказ дека се одело преку ФАНТОМ ФИРМА. Целта е јасна зошто се одело преку фантом фирма, а не директно до производителот. АЛЧНОСТА чини човечки животи.
Писмата на Филипче до Пекинг, оделе строго преку фантом фирмата ,,Starbi International” во Хонг Конг и во декември 2020 и во јануари 2021, а фирмата не се знае ни колку вработени има, доколку ги има воопшто, фирмата исто така според регистарот нема медицинско ниту фармацевтско портфолио. Случајно или не, фантом фирмата Starbi е регистрирана во 2017г, само 5 месеци по формирањето на владата на Заев, пишува Николоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.